Отвореното првенство на Австралија уште во второто коло остана без бранителот на титулата Шпанецот рафаел Надал.
Големо изненадување во второто коло на Австралија опен. 65 тенисер од АТП листата Мекензи Мекдоналд од САД го победи и елиминираше првиот носител бранителот на пехарот на Грен слемот во Мелбурн, легендарниот Шпанец,Рафаел Надал.
Сензацијата ја направи Американецот Мекензи Мекдоналд кој по 151 минута игра победи во три сета 6:4, 6:4, 7:5. Клучниот момент за победникот на мечот се случи во вториот сет кога актуелниот шампион Надал заработи повреда кој потоа не му дозволи да игра во посакуваниот ритам.
Тажниот Надал по неочекуваниот пораз и обновената повреда изјави:
– Размислував да се откажам, воопшто не можев да погодам бекхенд или да трчам, но сакав да го завршам натпреварот. Не го прашав мојот тим дали да се повлечам или не. Доволно сум возрасен за да направам свој избор. Не сакав да се повлечам како бранител на титулата. Дадов се од себе до крај. Станува збор за повреда на колкот, кој ме болеше неколку дена, но ништо како денес. Не знам дали е тоа мускулот или самиот колк, имав проблеми и порано, бев на третмани – но никогаш порано не било вака. Не можев да се движам, а додека не го направам тестот нема да знам што е тоа. Тешко е да се знае што не е во ред со мене – без опсежен преглед – изјави Надал по мечот.
Мекдоналд во третото коло ќе игра против подобриот од мечот Далибор Сврчина од Чешка и Јошихито Нишиока од Јапонија.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]