Aвстралиската влада објави дека ги суспендира мерките за искоренување на паразитот вароа што ги убива медоносните пчели и наместо тоа ќе се фокусира на контрола на штетите.

Одлуката го заокружи планот за искоренување на грината (крлеж) varroa destructor, кој вклучуваше уништување на повеќе од 14.000 пчелни кошници во југоисточна Австралија од јуни 2022 година.

Федералната влада соопшти дека одлуката била донесена во вторникот од Националната група за управување (NMG), која ја води програмата Вароа низ целата земја. Во соопштението во средата, владата на Нов Јужен Велс во име на NMG рече дека ширењето на паразитот е олеснето со нелегалното движење на кошниците, што го прави невозможно да се контролира.

Европските пчели ги опрашуваат комерцијалните култури, вклучувајќи бадеми, јаболка и авокадо, а пчеларите ги преместуваат кошниците за пролетно цутење за да ги доближат пчелите до посевите и растенијата.

Ширењето на грината (крлежот) може да ги збрише повеќето гнезда на диви европски медоносните пчели и одгледувани кошници кои не се прилагодиле на вароата, намалувајќи го опрашувањето, предупреди федералната влада. Ова може да предизвика загуба од повеќе од 70 милиони австралиски долари годишно, додаваат тие.

„Наглото зголемување на бројот на нови случаи јасно покажува дека инфекцијата со вароа се проширила на поголема површина и била присутна подолго отколку што се мислело. Веќе не можеме да ја искорениме (вароа)… Сега мора да работиме заедно за да управуваме со последиците и да ги минимизираме“, заклучија во соопштението на владата на Нов Јужен Велс.
тие.

Вароа е црвено-кафена грина со пречник од еден милиметар, која се прицврстува за хранење на телото на европските и азиските медоносни пчели. Пчелите слабеат со текот на времето и цели колонии умираат. Грините, исто така, пренесува вируси и предизвика колапс на популациите на медоносни пчели ширум светот. Вароата, меѓутоа, не ги напаѓа домородните австралиски медоносни пчели.