Австралија избриша град од својата мапа

Date:

Витенум е мал град во сојузната држава Западна Австралија наречен – „најопасното на светот“. Се вели, само вдишување воздух во него е доволно да убие. Поради тоа, местото денес е напуштено и се брише од картите, а тука некогаш живееле илјадници луѓе.

Имено, австралиските власти го избришаа Витенум од мапата во обид да ги одвратат посетителите. Инаку, до 2015 година тука имало само шест жители, а до годинава останала само 80-годишната Лорејн Томас. Последната жителка на оваа населба се откажа од борбата за престој во своето место во мај годинава.

Некогаш раздвижениот рударски град е всушност смртоносен и се наоѓа сред најзагаденото подрачје на Земјината јужна хемисфера.

Оваа област, се вели, никогаш нема да биде безбедна за живеење, поради постојаната опасност од азбестоза – но, некои луѓе сепак не можат да ѝ одолеат на можноста за „туристичка авантура“, и Тикток-тури, и покрај предупредувањата на надлежните власти за големите опасности по животот.

При врвот на својот развој – 1930-тите, неколку илјади луѓе живееле во Витенум. Почвата во ова место е богата со син азбест и многу Австралијци се населиле таму за да најдат работа околу рудниците. И следните неколку десетлетија тој бил рударски град… Но, рудниците се затвориле во 1996 година, поради премалата заработка, но уште поважно – големите човечки загуби.

Според податоците, над 2.000 работници и жители починале од вдишување на смртоносните азбестни влакна. Воздухот и денес е штетен, па Владата веќе ги урива живеалиштата, ја затвори депонијата за отпад од рудниците, сѐ со цел – потполно затворање на населбата. И покрај тоа, тука сѐ уште има три милиони тони отпад од азбест.  

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...

Се бара 30 дневен притвор за Бектеши

Oсновното јавно обвинителство бара 30 дневен притвор за поранешниот...