Австралија донесе закон што овозможува превентивен притвор за мигрантите

Date:

Австралија денеска усвои закон со кој се дозволува мигрантите кои биле притворени, повторно да се притворат, доколку постои ризик да извршат сериозни прекршоци откако биле пуштени на слобода.

Според новите прописи што ги донесе парламентот, судот може да им одреди притвор на најтешките криминалци, доколку претставуваат ризик за „извршување тешко насилство или сексуални деликти“.

Вишиот суд на Австралија минатиот месец пресуди дека неидентификуван маж Рохинџа, кој бил без државјанство, незаконски бил задржан во имиграциски притвор откако отслужил казна за сексуални престапи со деца, бидејќи ниту една земја не се согласила да го прими и немало реални шанси да биде депортиран.

Пресудата доведе до ослободување на неколку престапници, вклучувајќи и бегалци и лица без државјанство, кои, исто така, веројатно нема да бидат депортирани.

Медиумите во Австралија јавуваат дека од изрекувањето на пресудата на судот на 8 ноември, досега за нови кривични дела се обвинети четири лица.

Заедно со превентивниот притвор, новиот закон, исто така, им дозволува на властите да воведат ограничувања за движење, електронски уреди за следење и строги барања за виза.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...