Австралијанката Дени Дрејпер во средата посетила фризерски салон, со цел да ја освежи бојата на косата и да ги потстриже врвовите. Меѓутоа, посетата на фризер прераснала во тотална катастрофа.

Имено, фризерката некако успеала нерамномерно да ѝ ја потстриже косата по што несреќната Дени завршила со неколку центиметри пократок дел. 

Таа сфатила што се случило откако го напуштила салонот и тргнала да ѝ испрати фотографија од новата фризура на својата пријателка. Дени претходно ја замолила фризерката да ја фотографира, а таа не ѝ споменала ништо иако за фризурата ѝ наплатила 80 австралиски долари.

“Само што не заплакав”, раскажала 26-годишната девојка за “Daily Mail.  Таа се вратила во салонот и барала да ја поправат грешката, по што ѝ предложиле само да ѝ ги вратат парите.

Дени отишла во друг салон за да ја поправи штетата, а поради тоа морале да ѝ ја скратат косата многу повеќе отколку што таа сакала.

Својот бес го споделила на Фејсбук, по што ја контактирале од салонот и ѝ рекле дека таа “не ѝ дозволила на фризерката да ја доврши нејзината фризура”. “Како тогаш го напуштив салонот и ја платив сметката?”, напишала Дени.

Под нејзината објава искоментирале многу жени кои доживеале слични непријатни ситуации во истиот салон.