Австралијанецот Стивен Калахан, таткото на три деца, смета дека политичарите во неговата земја се должи да го платат летувањето на неговото семејство со оглед на тоа дека постојано патуваат на трошок на даночните обврзници.
Гневен од расипништвото на политичката класа, тој потсетил дека едно патување со хеликоптер на поранешната претставничка на домот Бронвин Бишоп чинело дури 5.000 австралиски долари.
Калахан својата кампања “Ве молам платете го летувањето на моите деца“ ја започна преку „GoFundMe” платформата за собирање на донации.
На неговиот апел како и што се очекуваше, остана игнориран од страна на политичарите, но не и од обичните Австралијанци, иако никој од нив ништо не побарал, уплатиле повеќе од 6.000 австралиски долари (4.000 евра).
„Нека се засрамат сите политичари во Австралија“ – напиша Калахан кого гестот на неговите граѓани длабоко го трогна.
„Гневен поради ноншалантноста со која политичарите ги трошат нашите пари за нивните деца да патуваат со бизнис класа, започнав кампања на страната „GoGundMe” и таа привлече внимание. Собрав повеќе отколку што очекував, а всушност не очекував ништо“ – навел Калахан дека неговите донатори се главно негови истомисленици.
Половина од собраните пари Калахан планира да ги потроши на летување со своето семејство во централна Австралија, додека другата половина ќе ја донира на здружението „Стјуарт Хаус“, која им помага на незгрижените деца.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]