59-годишен австралиски турист е убиен од ајкула во близина на преполна плажа на француската пацифичка територија Нова Каледонија.

Мажот (59) пливал во близина на понтон на околу 150 метри од плажата во главниот град Нумеа во неделата кога бил нападнат и каснат неколку пати од ајкула, соопштија властите.

Две лица кои пловеле со својот брод во близина го вратиле на плажата, каде службите за итна помош се обиделе да го спасат.

Имал рани на ногата и рацете. Иако се обиделе да го реанимираат, тој починал на местото на несреќата.

Многу луѓе во тоа време биле во водата и биле сведоци на нападот на плажата Шато-Ројал јужно од Номеа, пренесува The Guardian.

Ајкула тешко повреди 49-годишен пливач минатиот месец, исто така во близина на плажата Шато-Ројал.

Неколку дена подоцна, сурферот бил нападнат од ајкула, но избегал неповреден.