Австралиски остров ќе биде дом на земнјината црна кутија

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Австралискиот остров Тасманија ќе биде локацијата на која следната година истражувачите ќе монтираат челична конструкција во која ќе бидат сместени сите информации за тоа како се случуваат климатските промени и како точно нашата планета постепено се приближува до вистинска самоуништувачка катастрофа.

Оваа огромна градба ќе се вика Земјина црна кутија. При изградба на кутијата ќе се користат хард дискови на соларна енергија. Тие ќе содржат научни податоци за состојбата на климата, како и за тоа како ќе дојде до евентуално исчезнување на растенијата и животните.

Освен ова, експертите планираат да додадат информации за загадувањето на животната средина за да можат потомците да дознаат што се случило со планетата.

Авторите на проектот забележуваат дека доколку не се преземат мерки во блиска иднина, климатските промени се тие што ќе предизвикаат смрт на целото човештво.

„Земјината црна кутија“ ќе ги содржи сите потребни податоци кои ќе им овозможат на идните генерации да знаат се што се случувало на планетата пред да се родат.

Поставувањето на конструкцијата е предвидено за почетокот на следната година. Денес, специјалисти се ангажирани во бета тестирање на хард дискови и собирање информации неопходни за спроведување на проектот.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...