Пред ова откритие, на 15 август минатата година, научниците забележале сличен вид на длабочина од 8.178 метри во Маријанскиот ров.

За прв пат заедничка јапонско-австралиска научна експедиција сними специфичен вид риба на длабочина поголема од осум илјади метри, што е нов рекорд кога станува збор за риба на големи длабочини – затоа што ја надмина старата за 158 метри.

Тоа е всушност вид риби од родот Pseudoliparis и фамилијата Liparidae, снимен како плива на длабочина од 8336 метри, изјави водачот на експедицијата, професорот Алан Џејмисон, пишува Јутарњи.

Пред ова откритие, на 15 август минатата година, научниците забележале сличен вид на длабочина од 8.178 метри во Маријанскиот ров.

Долго време се сметаше дека рибите не можат да преживеат на длабочини од 8200 до 8400 метри поради притисокот.

Џејмисон објасни дека, заедно со снимките, научниците успеале и физички да фатат два примероци во стапица на длабочина од 8022 метри во Јапонскиот ров, јужно од Јапонија, и да постават уште еден рекорд – оној за улов во најдлабокото море.

Двомесечната експедиција била предводена од научници од Универзитетот во Западна Австралија (UWA) и експерти од Универзитетот за морски науки во Токио.

Велат дека сѐ уште не се знае точно колкава е големината на рибите, но евидентирано е дека овој вид може да достигне должина од околу 11 сантиметри.

На видеото до кое дојде камерата на далечина се гледа дека рибата има млечно бела боја, перките се полупроѕирни, а телото изгледа како да е покриено со мека маса, пишуваат јапонските медиуми.

„Јапонските ровови на океанот се неверојатни места за истражување, тие се толку богати со живот, дури и на самото дно“, рече основачот на Центарот за истражување на длабоки море Minderoo-UWA.

„Веќе две или три години предупредуваме дека длабокото море е прилично страшно место. Но, не го цениме доволно фактот дека таа во основа го сочинува најголемиот дел од планетата Земја и дека треба да се обидеме да ја проучуваме и разбереме и да откриеме како функционира и како луѓето влијаат на тоа“, рече Џејмисон.

Водачот на јапонскиот тим на научници, д-р Китазато Хироши, изјави дека е неверојатно искуство да се открие риба на длабочина поголема од 8.000 метри под површината на океанот.

Тој додаде дека експертите сега имаат податоци кои ќе им помогнат да истражат како рибите можат физиолошки да се прилагодат на таква екстремна средина.