Тим австралиски научници открија љубопитна „чоколадна жаба“ во ниските делови на дождовната шума на Нова Гвинеја.
Станува збор за вид што, за разлика од оние кои претпочитаат копнени живеалишта, живее на дрвја и е познат по својата зелена боја на кожа, но овој беше наречен „чоколаден“ поради специфичната кафеава боја.
Најсличен познат роднина на овој вид жаби (Litoria mira) е австралиската зелена жаба.
„Двата вида изгледаат многу слично, но едниот е зелен, а овој новооткриен вид е чоколаден“, рече Пол Оливер од Центарот за глобално здравје и безбедност на храна, кој го опиша откритието во коавторски труд објавен во Australian Journal of Zoology.
Австралија и Нова Гвинеја биле поврзани со копно за време на долг период на доцниот терцијар пред 2,6 милиони години, но сега во Нова Гвинеја доминираат дождовните шуми, додека во северна Австралија главно преовладуваат савани.
Зелените жаби (Litoria caerulea) кои живеат на дрвја може да се најдат низ северна и источна Австралија и Нова Гвинеја.
Според Australian Journal of Zoology, „чоколадната жаба“ или Litoria mira е откриена уште во 2016 година и се верува дека живее низ цела Нова Гвинеја.
Стив Ричардс од Музејот на Јужна Австралија истакна дека е тешко за научниците да го проучуваат овој вид водоземци, бидејќи живее во многу топли, мочурливи области каде што живеат и крокодили.
„Новиот вид жаба го нарековме Litoria mira, што на латински значи изненадувачки или чудно. Го дадовме тоа име затоа што бевме изненадени кога откривме водоземци многу слични на австралиските жаби кои живеат во дрвја, но се со различни бои од оние на кои сме навикнати“, објасни Оливер.
Тој посочи дека разбирањето на биотичката размена помеѓу Нова Гвинеја и Северна Австралија е од клучно значење со цел целосно да се разбере како се проширува и намалува областа на дождовните шуми и саваната.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]