Австралиски научници вклучени во епохален проект за Тутанкамон

Date:

Лицето на Тутанкамон, еден од најпознатите египетски фараони, е оживеано благодарение на меѓународен тим на научници од Бразил, Австралија и Италија, пишува „Дејли мејл“.

Имено, тимот користел дигитален модел од неговиот мумифициран череп, а реконструкцијата го открива младешкиот и тинејџерски изглед на фараонот кој умрел пред повеќе од три илјади години.

Бразилскиот графички дизајнер Цицер Мораес, кој е коавтор на новата студија, вели дека за него познатото момче-крал повеќе изгледа на „млад студент“, отколку на значајна историска личност со сериозни кралски одговорности.

Меѓународниот тим немал директен пристап до черепот на фараонот, па неговата реконструкција била навистина предизвикувачка. Меѓутоа нивната работа била олеснета благодарение на минатите истражувања, фотографиите и податоците за мерките на черепот.

Податоците за пропорциите на черепот биле имплементирани на дигиталниот череп од виртуелен донатор, па Мораес успеал да ги прилагоди за да се оформи лицето на Тутанкамон.

Па, така правилно ги реконструирал големината на устата, положбата на очното јаболко, висината на ушите и големината на носот. Сите овие проекции на деловите од черепот се базирале на статистичките студии кои биле извршени преку скенови на живи индивидуи од неколку различни предци.

Познат е уште еден обид за реконструирање на лицето на фараонот, кој бил направен во 2005 година. Мајкл Хабихт, египтолог и археолог на Универзитетот Флиндерс во Австралија, ја забележал запрепастувачката сличност помеѓу старата и новата реконструкција. Тој вели дека реконструкциите кореспондираат со древните претстави на фараонот.

Инаку, младиот Тутанкамон, син на големиот Ехнатон, бил фараон од 18 Династија, а владеел во периодот од 1332 до 1323 п.н.е. По неговата смрт на 18 години, бил наследен од неговиот советник.

Во далечната 1922 година по долго истражување, англискиот археолог Хауард Картер ја пронашол гробницата. Неговиот тим ја истражувале богатата гробница речиси 10 години. Од тој момент, археолозите и научниците се обидуваат да ги откријат сите мистерии на овој млад фараон.

Најновата студија на Цицер Мораесд-р Хабихт и нивните колеги – Франческо ГаласиЕлена Варото и Тиаго Беаини е објавена во италијански весник за анатомија и ембриологија.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Лазања на мексикански начин – со пченка и грав

Мексиканската лазања со пченка е зачинета и богата со...

ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во...

Да се знае кој е кој: “Кралевите“ чекаа во ред да се поздрават со НАЈГОЛЕМИОТ!

Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и...

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...