Австралиски експерт за односи открива што е тоа микро-изневерување

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Испраќањето секси фотографии или договарањето состанок зад грбот на вашиот партнер се дејствија што обично ги поврзуваме со прељуба.
Aвстралискиот експерт за односи Џена Хокинг тврди дека има нешто што се нарекува „микро-изневерување“ за кое речиси секој од нас може да биде обвинет, а не треба да претставува проблем.
Ова ги вклучува секојдневните „мали“ активности, како што се кикотење со згодната келнерка во вашето омилено кафуле, разменување поглед со атрактивен маж, па дури и восхитувањето на совршеното тело на некоја пејачка. Според неа, сите ние понекогаш го правиме тоа – и не треба да се срамиме од тоа.
„Дури и да имам партнер (што за жал го немам), би им рекла ‘леле’ на моите колеги кога ќе мине најзгодниот човек во канцеларијата“, изјави таа.
Таа ги советува оние против „микро-изневерувањето“ да побараат помош и да работат на нивната потреба да го контролираат партнерот.
Уште една „смешна“ работа според неа е доколку некој му каже на интимниот партнер дека не смее да има атрактивни пријатели од спротивниот пол.
„Со оглед на тоа дека и самата не сум во врска, морам да кажам дека нема да престанам да се дотерувам само за да останам пријател со некои добри мажи во мојот живот кои се во врска. Сакам да мислам дека нивните партнери се доволно самоуверени за да знаат дека јас не сум закана за нив“, вели Џена.
Таа додава дека има само една причина зошто би имале проблем со вашиот партнер ако разговара со луѓе од спротивниот пол, а тоа е затоа што вие самите сте згрешиле и сте направиле нешто што не е правилно.
„Мислам дека луѓето поминуваат премногу време гледајќи што прави нивниот партнер и постојано бараат за знаци на изневерување. Тоа мора да биде исцрпувачки. Што е со фактот дека и двајцата треба да ги живеете своите животи и да се надевате на најдоброто. На крајот на краиштата, ако има намера да ве изневери, тоа ќе го направи на еден или друг начин, но не ви требаат часови и часови за да барате знаци на прељуба“, советува Џена.
Но, советникот за врски Џонатан Бенет има малку поинаков став за „микро-изневерувањето“.
„Тоа е однесување кое не би можело да се смета за отворено и целосно неверно, но секако е нарушување на довербата во врската што може да доведе до вистинско изневерување во иднина. Освен тоа, зависи и од ставовите – она што за некого е „микро-изневерувањее“, за друг е вистинско неверство. На пример, ако сте во врска и не сте го избришале вашиот профил за запознавање, тоа значи дека сè уште барате и заинтересирате други луѓе. Ова ја покажува вашата намера и недостаток на почит кон личноста со која сте во врска, а другите можат да го видат тоа, бидејќи профилите се јавни“, вели Бенет.
Се разбира, не е толку важно каква форма може да има „микро-изневерувањето“, туку дали ви треба и зошто. Лесниот (онлајн) флерт можеби изгледа како необична забава, но ако потоа се чувствувате виновни и чувствувате дека не сте биле искрени со партнерот, тоа значи дека и самите чувствувате дека штотуку сте го изневериле.
Важно е да ги разберете границите на вашата врска, да знаете што може да го повреди вашиот партнер и да знаете што никогаш не би сакале вашиот партнер да ви направи.
Тогаш ќе знаете и колку „микро-изневерување“ може да поднесе вашата врска, или уште подобро, воопшто нема да морате да изневерувате.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...