Австралиски вулкан почна да исфрла лава

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Еден од двата активни вулкани во Австралија, на островот Херд во близина на Антарктикот исфрла лава, покражуваат снимки од сателит.

Исфрлањето на лава на ненаселениот остров од вулканот познат како Биг Бен, на околу 4.100 километри југозападно од Перт и 1.500 километри северно од Антарктикот, е дел од тековната ерупција за прв пат регистрирана пред повеќе од една деценија, пишува Гардијан.

Фотографиите, направени на 25 мај од сателитот Коперник Сентинел-2 на Европската вселенска агенција, се мешавина од оптички и инфрацрвени снимки.

Тие покажуваат како лава тече по страните на Биг Бен од близина на врвот на вулканот, пишува британскиот весник.

Вториот активен вулкан во Австралија се наоѓа на блиските острови Мекдоналд.

Извештаите составени од Глобалната програма за вулканизам на институцијата Смитсонијан, пред да се сподели сликата, велат дека тековниот проток на лава е дел од „еруптивна епизода“ што трае од септември 2012 година. Програмата има записи за ерупции на островот Херд кои датираат од 1910 година.

Д-р Тереза ​​Убиде, вулканолог и вонреден професор на Универзитетот во Квинсленд, изјави дека овој вулкан еруптира од почетокот на 20 век. Убиде рече дека островот Херд е специфичен по тоа што, како вулкан, се наоѓа во средината на тектонска плоча, а не на нејзината маргина.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...