Австралиски актер загина во Лос Анџелес

Date:

Поранешниот австралиски детски актер Рори Калум Сајкс (32) трагично загина во разорните пожари кои го зафатија Лос Анџелес. Неговата смрт ја потврди неговата мајка Шели Сајкс, пренесува „Њујорк пост“.

Според достапните информации, Рори Калум Сајкс бил заробен во семејната куќа во Малибу, каде што живеел со својата мајка. Шели се обидела да го изгасне пожарот, но Рори, кој боледувал од церебрална парализа, не успеал навреме да излезе од куќата. „Моето срце е целосно скршено“, напишал неговата мајка Шели.

„Мојот прекрасен син, подарокот роден на мојот и роденденот на неговата баба, 29 јули 1992 година, Рори Калум Сајкс. Тој беше роден слеп и со церебрална парализа и тешко се движеше. Помина низ бројни операции за да научи да оди, како и за враќање на видот. И покрај сите предизвици, тој беше воодушевен од патувањата низ светот со мене, од Африка до Антарктикот“, додаде таа.

Само еден ден пред трагичниот настан, Рори на платформата X сподели дека за ручек сака риба и компири.

Инаку Рори беше најпознат по неговата детска улога во англиската серија „Kiddy Kapers“.

Потсетуваме, шест истовремени шумски пожари опустошија населби во Лос Анџелес од вторникот, при што загинаа најмалку 11 луѓе, а оштетени се или уништени околу 10.000 објекти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ Скопје го совлада ТФТ, ставајќи крај на нивната непобедливост во Суперлигата

 МЗТ Скопје Аеродром го совлада ТФТ со резултат 80-67...

Синер ја забележа 29 последователна победа во сала

Италијанскиот тенисер Јаник Синер со совлада попладнево Американецот Бен...

Спорот со Цариградската патријаршија е масло на Јован Вранишковски, обвини Владиката Петар

-Тоа што имаме спор со Цариградската патријаршија околу името...

Минималната плата оди на 26.400 денари, започнува новата економска ера

„По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните...