Австралискиот портал „News.com.au“ пишува за тоа како се појавила нова опасна подваријанта на корона вирусот и дека може да биде најлоша досега. Опасна подваријанта на коронавирусот прави хаос низ Америка и Велика Британија и е означена од еден експерт како „следната голема и најлоша варијанта во светот во моментов“.
Новиот вид, наречен XBB15 првпат се појави во Њујорк и брзо се рашири низ земјата и регионот, како и во ОК. Според Центрите за контрола и превенција на болести, случаите на новиот вид се удвоиле во текот на изминатата недела. Иако е сè уште рано, експертите се загрижени за новиот вид бидејќи има огромен скок во хоспитализациите во областите каде што се зафати.
Американскиот епидемиолог Ерик Фајгл-Динг, кој е обучен на Харвард, неодамна сподели низа алармантни објави на Твитер во врска со таканаречената супер варијанта, предупредувајќи дека е меѓу варијантите кои вешто го избегнуваат имунитетот и дека е една од најдобрите варијанти за ги напаѓа човечките клетки.
Тој вели дека новиот вид се шири многу побрзо од старите видови и ги критикува Центрите за контрола и превенција на болести што не ги предупредиле луѓето за опасноста. Епидемиологот вели дека XBB15 повеќе не е типичен омикрон – тоа е посебна варијанта на мешавина и рекомбинација која дополнително мутирала.
– Концентрацијата на вирусот САРС-КоВ-2 во отпадните води сега е втора најголема од сите бранови и се уште расте – истакнува епидемиологот.
– XBB15 моментално е најлошата варијанта на светот и всушност е американска варијанта – истакна тој.