Австралискиот тенисер Ник Кирјиос, гостуваше во емсија на една американска телевизија и зборуваше за својата рехабилитација од повредата, но најмногу внимание предизвика изјавата која се однесуваше на Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.
„Алкараз е многу млад и во еден момент сигурно ќе биде најголема ѕвезда. Пред него е блескава кариера и тој допрва ќе ја покаже својата сила. Тој веќе доминира, иако има само 19 години. Шпанецот е неверојатен, но мислам дека Ѓоковиќ е тој што нѐ фасцинира во моментов. Очигледно е дека Новак не е човек, тој е вонземјанин. Навистина е фасцинантно како се толку постојани во успесите, а тоа особено важи за Новак“, вели Кирјиос.
„Тука се секако и останатите, но сите ќе имаат многу тешка задача за да им се спротивстават. Голема почит за Медведев, тој е исклучително талентиран, но да не го заборавиме и Циципас. Мислам дека тенисот е навистина возбудлив во последно време“, заклучи Австралиецот.
Ник Кирјиос скоро цела сезона не настапи на ниту еден турнир поради повреда. Неговото враќање се очекува на Австралија опен, чиј почеток е закажан за втората недела на јануари следната година.