Австралискиот премиер планира средба со Бајден по посетата на Индија

Date:

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека планира да се сретне со претседателот Џо Бајден во САД по неговото патување во Индија оваа недела.

Неговата изјава доаѓа во време на шпекулации дека лидерите ќе дадат изјава за плановите на Австралија за изградба на нуклеарни подморници.

Албанезе не даде многу детали за патувањето во САД, само рече дека ќе има дополнителни најави за тоа што следува. Тој од денеска до сабота е во посета на Индија.

Дел од австралиските медиуми јавија дека британскиот премиер Риши Сунак може да им се придружи на Бајден и Албанезе во САД за да дадат заедничка изјава за договорот меѓу трите земји според кој Австралија ќе изгради флота од нуклеарни подморници со американска технологија. (МИА)

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...