Австралиската финалистка за Мис универзум им подлегна на повредите што ги доби во несреќа при јавање поради кои неколку недели беше на апарати за одржување во живот.
Несреќата се случила на 2 април во „Виндзор поло граунд“, Австралија, кога Вир јавала на својот коњ. Веднаш по падот, итно била пренесена во болницата „Вестмид“ во критична состојба.
Не се знае точно како се случила несреќата. Некои медиуми објавија дека коњот се сопнал и паднал.
На социјалните мрежи многу нејзини пријатели и колеги се збогуваа со емотивни пораки.
„Се сакавме со љубов што беше повеќе од љубов“, напиша нејзиниот партнер Том Бул.
Една пријателка напиша: „Рајот го доби најубавиот ангел денес. Ќе ми недостига сè за тебе. Сиена, те сакам“.
