Австралиска фирма за управување со проекти поднела тужба против Твитер пред Американски суд, барајќи исплати од околу 665 илјади американски долари, поради наводно неплаќање фактури за извршената работа во четири земји, покажаа судските поднесоци.
Приватната компанија со седиште во Сиднеј Facilitate Corp ја поднесе тужбата на 29 јуни во окружниот суд на САД за северната област на Калифорнија, поради прекршување на договорот од страна на Твитер, кој не ги платил нивните сметки.
Тужбата на австралиската фирма е последната која бара испаќање сметки од Твитер, откако Илон Маск ја купи платформата за социјално вмрежување за 44 милијарди долари минатата година, јавува Си-Ен-Ен.
Falicitate Corp соопшти дека од 2022 година до почетокот на 2023, инсталирала сензори во канцелариите на Твитер во лондон и Даблин, целосно функционирала канцеларија во Сингапур и испразнила друга канцеларија во Сиднеј.
За завршената работа, Твитер и должи на компанијата околу 257 илјади долари за канцелариите во Лондон и Даблин, 404 илјади долари за канцеларијата во Сингапур и 40,700 долари за канцеларијата во Сиднеј, соопшти Faciliti Corp.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]