Австралиската фризерка по име Софија, на платформата Tикток пред своите придружници пред две години сподели видео во кое објаснува како се грижи за својата коса за таа да изгледа како кај вистинската Златокоса. Тогаш, видеото собра 3 милиони прегледи, но оваа недела таа ја ажурираше објавата и покажа уште неколку трикови за нега на косата додека ја мие, а исто така покажа што ѝ помага за косата да ѝ биде квалитетна и покрај должината.
– Многу е едноставно, некои од вас можеби веќе го прават тоа, но целосно исцедете ја водата пред да нанесете регенератор на косата – објаснува фризерката во видеото.
Таа тврди дека на овој начин регенераторот не се раствора, па косата останува хидрирана и има многу помалку расцепени врвови. Од друга страна, и регенераторот и шампонот, некои стручњаци напоменуваат дека е потребно добро да се исплакнат за производот да не се задржува на косата.
Многумина со радост го дочекаа трикот на Софија, а некои жени ја потврдија неговата делотворност, велејќи дека тоа одлично функционира кај нив.
На социјалните мрежи може да се наиде на многу корисни совети во врска со негата на косата. Многу фризери во своите објави на Тикток тврдат дека маслото од рузмарин ефикасно влијае врз растот на косата. Некои од нив сугерираат истото да се втрие во темето на косата, а други препорачуваат само да се додаде масло од рузмарин во шампонот за косата да биде поздрава и побрзо да расте.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]