Австралиската групација Рио Тинто поврзана со контроверзна експлоатација на литиум во Србија

Date:

Владата на Србија одобри продолжување на работата на австралиската групација Рио Тинто за контроверзната експлоатација на литиум, неколку дена по судската одлука која го отвори патот во таа насока.

Владата „презема мерки за воспоставување на правниот поредок што постоеше пред усвојувањето на прописите прогласени за неуставни“, пренесува агенцијата АФП од официјалниот текст на Уредбата за утврдување на Просторниот план на областа со посебна намена за спроведување на проектот за експлоатација и преработка на минерали, наречен „Јадар“.

Одлуката уследи по пресудата на Уставниот суд на Србија во четвртокот дека одлуката на Владата на Србија во 2022 година да ја суспендира лиценцата на австралиската група по масовните демонстрации „не е во согласност со Уставот или законот“.

„Владата ќе одговара за секое нарушување и конфликт во општеството затоа што го погази Уставот, ги окупираше институциите и стана марионета на странски интереси“, рече Саво Манојловиќ, директорот на кампањата „Движење-промени“, еден од главните противници на проектот. Тој ги обвини владините претставници за „заканувачки судења“ на противниците на ископувањето литиум во Србија, кои, според неговите зборови, го бранат Уставот.

„Ви требаа две години да најдете храброст да ни се заканите со судски процеси затоа што го браниме Уставот. Судете ни. Но еден ден сите ќе бидат судени според историјата. Историјата ќе докаже дека сме во право. Сега ни се заканувате, но на сите вас ќе ви суди независен обвинител“, наведе Манојловиќ во објава на социјалната мрежа Икс.

Претходно, членот на Претседателството на владејачката СНС, Владимир Ѓукановиќ, оцени дека секој што најавува конфликти, насилство и немири треба да биде приведен и кривично гонет. Ѓукановиќ напиша дека е време да им се „застане на патот на насилниците и кочничарите на развојот на Србија“.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ навести дека Србија би можела да започне со екстракција на литиум веќе во 2028 година, по новите гаранции од Рио Тинто.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПОЧЕТОК НА БИТКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО МАЛА АЗИЈА (48)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Северина и нејзиниот син се дружеа со Новак Ѓоковиќ, таа се пофали со фотографијата

Северина летниот одмор со синот Александар го помина на...

Српска актерка тврди дека Бред Пит и’ се додворувал: „Не одговорив на пораката“

Холивудскиот заводник Бред Пит зад себе има два брака,...

Рок иконата Џон Бон Џови спречи жена да скокне од работ на мостот во Нешвил

Хуман чин на рок иконата Џон Бон Џови. Тоj...