Австралија е позната по бројните суштества кои им се закануваат на луѓето, како што се змиите и пајаците, а на листата можеме да ги додадеме и кенгурите.
Тоа го потврди и Мик Молони, кој на интернет објави драматично видео.
Тој престојувал во Милура (државата Викторија), кога забележал двометарски кенгур во реката Мареј. Огромното животно го држело неговото куче во шепите.
„Тој стоеше во водата и ме гледаше. Кучето се бореше за воздух, едвај ја држеше главата над вода. Не можев да поверувам“, рекол поранешниот полицаец.
Се обидел да го исплаши кенгурот, но безуспешно. Цело време ја снимал бизарната сцена на својот телефон.
Откако извикал „пушти ми го кучето“, кенгурот замавна да го удри противникот.
Се чини дека телефонот му паднал во вода, бидејќи видеото станува матно, а неколку моменти подоцна гледаме дека кучето безбедно стигнало до брегот.
Мик го испрска кенгурот со вода, а потоа го напушти „бојното поле“.
„Имам неколку гребнатини и ме боли подлактицата. Тоа беше добар удар“, објасни тој.
Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од видеото.
„Овој кенгур изгледа како боди билдер со глава на елен“, „Кенгур ме дави во вода. Ова е мојот нов страв“, „Никогаш не сум видел нешто полудо“, гласат дел од коментарите.