Еден Австралиец со помош на евтин детектор за метал успеал да пронајде грутка тешка 4,6 килограми, која содржи златно вредно 130.000 фунти.

Австралиец со евтин детектор за метал открил камен со злато во вредност од 240.000 австралиски долари (130.000 фунти или 148.000 евра).

Човекот кој го пронашол златото сакал да остане анонимен, а златото го пронашол во златните наоѓалишта на Викторија. Дарен Камп, кој го проценил и купил примерокот, рекол дека тоа е најголемиот таков камен кој го видел во својата 43-годишна кариера.

„Бев шокиран. Тоа се пронаоѓа еднаш во животот“, рекол за „BBC“.

Господинот Камп не размислувал премногу за тоа кога мажот со голем ранец влегол во неговата продавница во Гилонг, на околу еден час југозападно од Мелбурн.

„Луѓето обично доаѓаат со глупаво злато или други камења кои изгледаат како злато“, рекол Камп.

„Но тој го извлече каменот и додека ми испушташе во рака, кажа: ’Мислиш дека вреди околу 10.000 долари?‘“

„Го погледнав и реков: ’Пробај 100.000 австралиски долари‘. Тој ми кажа дека каменот што го донел во продавницата е само половина од наодот.“

Карпата од 4,6 килограми содржела 2,6 килограми злато. Камп рекол дека среќниот пронаоѓач многу се радува што земал толкава сума на пари и истите ќе ги потроши на своето семејство. Додал и дека неговата сопруга ќе биде пресреќна.

Иако ваквите наоди се екстремно ретки, се проценува дека Австралија има најголеми светски резерви на злато, а најголемите грутки на светот се пронајдени токму во таа земја.