[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Австралиец кој лажирал сопствено киднапирање за да ја помине новогодишната ноќ со друга жена наместо со партнерката, мора да плати отштета на полицијата. Судот наредил Пол Иера (35) да плати 16.218 австралиски долари (околу 9.800 евра) на полицијата на Нов Јужен Велс за спроведување на истрагата.
На 31 декември 2022 година, Иера испратил СМС порака на својата партнерка преправајќи се дека е од киднаперот. Во пораката пишувало дека ќе го задржи нејзиниот партнер до утро. Партнерката веднаш стапила во контакт со полицијата, која следното утро го пронашла Иера во неговото комбе.
Полицајците вложиле повеќе од 200 часа полициска работа во истражувањето на ова киднапирање, со 16.218 долари потрошени на плати, објавија локалните медиуми. Весникот „Илавара стар“ пишува дека Иера првично ѝ кажал на полицијата дека бил киднапиран од група непознати лица од Блискиот Исток и дека подоцна го ослободиле.
Но, истражителите по извесно време утврдиле дека се работи за лажно киднапирање, а во јануари добил кривична пријава за лажна пријава со намера да поттикне кривично дело против други лица, за што е предвидена казна затвор од седум години. Иеара не завршил во затвор, но судот му наредил мерка за добротворна работа и да плати отштета на полицијата.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]