Засега нема официјална потврда за евентуални жртви. Сепак, американската телевизија Си-би-ес, повикувајќи се информации од полициски службеници јавува дека се пронајдени 18 тела во реката Потомак каде паднал авионот.
Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека повеќе тела се извлечени од водите на реката.
Комерицијален авион на „Американ ерлајнс“ (American airlines) со десетици патници се урна во близина на главниот град на САД, Вашингтон, јавуваат светските медиуми.
Според информациите, несреќата се случила откако авионот се судрил со хеликоптер на американската армија од типот „Блек хок“ (Black hawk) по што се урнал во реката Потомак, која тече низ Вашингтон.
Авионот кој доаѓал од Вичита, Канзас, а во кој имало 60 патници и четворица членови на екипажот се судрил со хеликоптерот додека се приближувал кон пистата на аеродромот „Роналд Реган“ во главниот град на Соединетите Американски Држави.
Американските медиуми јавуваат дека при падот во реката Потомак, авионот се преполовил на два дела.
Несреќата се случила околу 21 часот според локално време, односно околу 2 часот според средноевропско време.
Бројни спасувачки екипи веднаш излегле на местото. Полициски екипи и нуркачи ги пребаруваат водите на реката во потрага по преживеани.
Во воениот хеликоптер, кој се судрил со авионот, имало тројца војници на американската армија, изјави преставник на Министерството за одбрана на САД, пренесува Би-би-си.
Тој полетал од базата „Форт Белвоар“ во сојузната држава Вирџинија.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил „целосно информиран за страшната несреќа“.
„Ви благодарам за неверојатната работа што ја прават нашите одговорни лица. Ја следам ситуацијата и ќе дадам повеќе детали кога ќе се појават“, рече тој во изјавата.
Американскиот претседател се огласил и на својата социјална платформа Трут соушл (Truth Social), велејќи дека требало да се спречи да дојде до судир меѓу хеликоптерот на американската армија и патничкиот авион
„Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави наместо да прашува дали го виделе авионот. Ова е лоша ситуација која изгледа дека требало да се спречи. Не е добро“, напишал Трамп на својата платформа.
Дел од американските медиуми објавија снимка на која наведно се гледа момент на судир меѓу авионот од типот „Бомбардиер ЦРЏ 700“ (Bombardier CRJ 700) и воениот хеликоптер „Блек хок“ (Black hawk) кој бил на тренажна мисија.
Во објава на социјалната платрофма Икс, службите на аеродромот во Вашингтон информираат дека сите полетувања и слетувања на аеродромот се одложени, бидејќи персоналот за итни случаи е вклучен во спасувачката акција по инцидентот.
Засега нема официјална потврда за евентуални жртви. Сепак, американската телевизија Си-би-ес, повикувајќи се информации од полициски службеници јавува дека се пронајдени 18 тела.
Други медиуми, како весникот „Вашингтон пост“ пишуваат дека повеќе тела се извлечени од водите на реката.
Засега не се пронајдени преживеани, објави весникот, пренесува „Гардијан“.
Официјалните лица кои одржаа прес-конференција на националниот аеродром „Роналд Реган не објавија информации смртни случаи, но во нивните обраќа преовладувал мрачен тон, пишува агенцијата АФП.
Сенаторот Роџер Маршал од Канзас изјавил дека „кога едно лице ќе умре тоа е трагедија, но кога ќе умрат многу тоа е неподнослива тага“.
Градоначалничката на Вашингтон, Муриел Боусер, избегнала да каже дали се извлечени тела од несреќата.
Во моментов има околу 300 спасувачи кои работат на спасувачката операција, која е отежната поради лошите временски услови и екстремно ладните води на реката.
Шефот на противпожарната служба на Вашингтон, Џон А. Донели на прес-конференцијата рано утрово рекол дека условите се „исклучително тешки за службите“, поради студеното време и интензивниот ветер.