Авиокомпанија нуди лет до мистериозна дестинација, веќе се пријавиле илјадници луѓе

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Замислете да одите на одмор, но да немате поим каде.

Авиокомпанијата „Скандинавијан ерлајнс“, чие седиште е во Шведска, го понуди токму ова, односно неодамна воведе мистериозен лет наречен „Непозната дестинација“.

Авиокомпанијата продаваше билети исклучиво за членовите на програмата за лојалност на редовните патници. Наместо пари, патниците требаше да откупат 48.000 километри за седиште. Летот поаѓа од Копенхаген на 5 април, а се враќа назад на 8 април.

На патниците им е кажано дека летот ќе трае неколку часа, а точната локација на дестинацијата ќе биде откриена во одреден момент од летот преку соопштение.

– Возбудливо е авантуристичкото и мистериозно патување и стекнувањето нови пријателства – вели главниот комерцијален директор и извршен потпретседател на „Скандинавијан ерлајнс“, Пол Верхаген.

Над 1.000 луѓе аплицирале за да се приклучат на летот, а авиокомпанијата повеќе не прифаќа резервации. Поради ограничениот број места во авионот, билетите за априлското патување ќе им бидат поделени по случаен избор на патниците што се пријавиле.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Избрани нови членови на историската комисија

Пред три години си даде оставка од историската комисија...

Кој „победи“ на претседателската дебата Трамп-Харис?

За време на првата претседателска дебата, поранешниот претседател на...

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ИДЕН ВЛАДАТЕЛ НА МАЛА АЗИЈА (47)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ПРИМЕНА НА „КОСИОТ БОРБЕН СТРОЈ“ НА ГРАНИК – НА ПРВАТА БИТКА СО ДАРИЈ (46)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...