Авганистанците кои бегаат од Пакистан се без вода, храна или засолниште

Date:

Стотици илјади Авганистанци кои по наредба на пакистанската влада мораа да ја напуштат таа земја под закана од депортација, се соочуваат со недостиг од вода, храна и засолниште откако ја преминаа границата, соопштија хуманитарните агенции.


Во последните недели тие го напуштија Пакистан, односно до 31 октомври, до кога им беше даден рок да ја напуштат земјата или во спротивно ќе беа уапсени, поради новата политика на тамошната влада против имигрантите кои илегално се наоѓаат во земјата, пренесува Бета, повикувајќи се на АП.


Талибанците поставија кампови на границата каде што се сместени додека чекаат да бидат префрлени во местото на потекло во Авганистан.

Хуманитарните организации тврдат дека има ограничен пристап до вода за пиење и нема греење и тоалети.


Луѓето влегуваат во Авганистан само со облека на себе, бидејќи другиот имот и готовината им се конфискувани на пакистанската граница. Авганистан се соочува со бројни предизвици.

Покрај тоа што земјата е изолирана од меѓународната заедница, годините на суша, затегнатата економија и последиците од децениската војна доведоа до внатрешно раселување на милиони Авганистанци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...